Цвета добрососедството меѓу Македонија и Србија - во понеделник заедничка седница на Влада

Добрососедските односи на дело. Имлементацијата на добрососедството  стартува со заедничка седница на Владите на Македонија и Србија. Во понеделник во Белград на иста маса ќе седнат министрите од македонската и српската влада. На иницијатива од македонска  страна во наредниот период ќе  се се одржат седници и со Бугарија, Албанија и Косово.

„Очекуваме дека на овој начин ќе се допринесе во динамизација и интензивирање на контактите меѓу земјите, соработка за разни проекти, а со цел заедничка работење на перспективата на целиот реион кон европските интеграции“, изјави портпаролот на Владата на Р.М Александар Ѓорѓиев.

Унапредувањето на економската соработка меѓу двете земји ќе биде во фокусот на заедничката седница. Меѓудругото ќе се разговара и за образованието, здравството,како и за  проекти од областа на труд и социјала.

Пред седницата предвидено е премиерот Груевски да оствари  тет а тет средба со српскиот премиер  Дачиќ.

најчитано сега