Десет македонски бебиња го чекаат Доктор Хаус за да ги оперира

Десет бебиња со тешки вродени срцеви мани го чекаат “доктор Хаус”. Сите се на Клиниката за детска хирургија каде ги подготвуваат за операции, јавува Здравство24. Најмалото има 4 месеци. Хируршките интервенции ќе ги изврши тимот од американски лекари предводен од професорот Вилијам Новик кој по втор пат доаѓа во Македонија.

На тимот од дваесетина странски експерти за време на операциите ќе им асистираат и македонски лекари. Тие за околу 3 години треба самојстојно да изведуваат вакви интервенции.

-Задоволство е да се работи со врвни стручњаци и ова е навистина значаен проект, вели д-р Владимир Чадиковски, детски хирург.

-Ќе бидат прегледани уште неколку деца кои имаат проблеми со срцето, вели, д-р Аспазија Софијанова, директор на клиниката за детски болести.

За време на првиот престој во Македонија американските хирурзи  предводени од “доктор Хаус” ја оперираа и малата Надица. Детето родено со срцева мана и оставено од родителите сега е здрава и чека семејство кое ќе ја посвои.  Инаку годишно околу 120 деца имаат потреба од операција на срцето. Пред да почне да функционира кардиохируршкиот центар во земјава сите беа праќани на лекување во странство.

најчитано сега