Ракометарите на Вардар го одржаа првиот тренинг

Ракометарите на Вардар синоќа во СЦ „Борис Трајковски” го одржаа првиот тренинг во новата сезона. Тренерот Раул Гонзалес имаше можност да ја види физичката подготвеност на неговите избраници, со кои ќе атакува на четири фронта: Лигата на шампионите, СЕХА лигата, Суперлигата и Купот на Македонија.

На овој тренинг не присуствуваше единствено новото засилување на десната крилна позиција Данил Шишкарев, кој ова лето во екипата на Вардар пристигна од рускиот шампион Чеховски Медведи. Шишкарев се пожали на настинка, а Раул Гонзалес не сакаше да ризикува и поради тоа се реши да го ослободи од првиот собир.

„Црвено-црните“ до 31 јули ќе бидат во Скопје, каде што ќе имаат по два тренинзи во текот на денот, а потоа патуваат во Крањска Гора (Словенија), каде што ќе ги одржат првиот дел од подготовките, се до 9 август.

По враќањето од Словенија ќе следат и првите проверки за сработеното, и тоа на традиционалниот „Струшки ракометен турнир”, кој што ќе се одржи во периодот од 13 до 16 август.

Потоа подготовките продолжуваат во Скопје, по што следи настапот на „Кањижа куп” во Србија.

29.07.2014 - 09:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега