Како изгледаат нозете по Тур де Франс

Велосипедистот Бартош Хузарски на својот профил на Фејсбук објави фотографија која привлече огромно внимание на социјалните мрежи.

Станува збор за фотографија на нозете на Хузарски направена по завршувањето на 18-та етапа на велосипедската трка Тур де Франс. Некои од коментарите беа дека тие повеќе личат на „костим на Спајдермен, отколку на нозе“.

По објавувањето на фотографијата, на својот профил на Фејсбик Хузарски добил огромен број пораки.

- Не очекував дека сликата на моите нозе ќе предизвика толкава забрка. За мене тоа не е ништо невообичаено, бидејќи го гледам тоа често, можеби не секој ден, но многу често, особено по напорни трки на вискои температури, изјави велосипедистот.

Тој вели дека пораките што ги добил содржат различни мислења, од такави дека е тоа е невозможно, дека е ненормално, нездраво, па дури и дека е последица на допинг.

- Неможам да имам нозе како модел на „Викторијас Сикрет“, ниту као госпоѓата од локалната продавница, ниту како некој што половина ден минува во канцеларија и трча трипати неделно по еден час или вози велосппед по 10 километри. Ова што го гледате не е нездраво. Тоа е разултат на професионален пристап, жртвување, правилна исхрана, боди билдинг, минимално количество масти во телото, минувани 35.000 километри годишно во последниве 12 години и познавање на своето тело, им порача Хузарски на злобниците.

29.07.2014 - 10:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега