Македонските ракометни кадетки во борба за 17. место

Женската македонска ракометна репрезентација до 18 години го игра последниот натпревар на Светското првенство што се одржува во Македонија. Тие во дуел за 17.место ќе играат против Тунис.

Натпреварот пошнува во 15 часот и 30 минути во СРЦ "Кале".

Македонија веќе има две победи против Тунис во Струмица, постигнати на подготовките за светското првенство.

Покрај овој дуел денеска се играат и натпреварите за пласман: Парагвај - Ангола (за 19.место), Казахстан - Кина (за 21.место) и Конго - Узбекистан (за 23.место).

Синоќа беше комплетирана и осминафиналната програма: Холандија - Унгарија 22:21, Шведска - Русија 21:25, Норвешка - Бразил 26:29, Јужна Кореја - Јапонија 42:34, Германија - Португалија 40:39 на пенали (32:32), Црна Гора - Аргентина 31:22, Хрватска - Романија 22:28 и Данска - Франција 33:22.

Во четвртфиналето ќе играат: Холандија - Романија, Бразил - Црна Гора, Германија - Јужна Кореја и Русија - Данска. За овие репрезентации денеска е слободен ден.

29.07.2014 - 10:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега