ВИДЕО: Рома со голот на Тоти го победи Реал Мадрид

Калчолигашот Рома го совлада европскиот првак Реал Мадрид со 1:0 во рамките на Меѓународниот куп на шампионите во Америка на кој учествуваат неколку врвни европски клубови.

На „Котон Боул“ во Далас стрелец на победничкиот гол за римјаните беше Франческо Тоти во 58.минута. „Кралскиот клуб“ имаше повеќе шанси за погодок, а Рома се ориентираше на противнапади.

Мал инцидент се случи на пет минути пред крајот на средбата кога на теренот втрчаа 30 навивачи на Реал Мадрид кои сакаа да бидат во непосредна близина на своите миленици, а некои и да се сликаат со нив. Еден навивач носеше знаме на Палестина сакајќи на тој начин да потсети на актуелната состојбата во Газа.

На другиот натпревар од оваа група Манчестер Јунајтед го победи Интер по изведувањето пенали откако регуларниот дел заврши 0:0. 

По две одиграни кола во А групата води Манчестер Јунајтед со 5 бодови, пред Рома и Интер со по 3, Реал е последен со само 1 бод.

Во Б групата пред комплетирање на 2.коло Манчестер Сити, Олимпијакос и Ливерпул собраа по 3 бодови, Милан е без освоен бод. Англиските екипи имаат натпревар помалку. 

30.07.2014 - 09:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега