Четвртфинални средби на Светското првенство за ракометарки до 18 години

Во рамките на Светското првенство за ракометраки до 18 години што се одржува во Македонија, денеска во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одиграат четвртфиналните натпревари. 

Првиот натпревар кој ќе започне точно напладне ќе го одиграат селекциите на Холандија и на Романија. Во 14:30 часот е почетокот на дуелот Бразил - Црна Гора, а од 17 часот играат: Германија и Јужна Кореа. Посленото четвртфинале почнува во 19:30 часот, а играат: Русија - Данска.

Во Струмица ќе се играат натпреварите за пласман од 9-16.место, а двојките се: Унгарија - Хрватска, Норвешка - Аргентина, Португалија - Јапонија и Франција - Шведска.

Македонија со победата од 23:16 над Тунис го освои 17.то место и пехарот наменет за најдобрата селекција во „Президент купот“.

Во натпреварот за 19.место: Парагвај - Ангола 29:28, за 21.место: Казахстан - Кина 27:25 и за 23.место: Конго - Узбекистан 34:25.

30.07.2014 - 10:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега