Еве кои цигари ќе поскапат

Само поевтините цигари ќе поскапат, додека скапите ќе си останат со иста цена, пишува Утрински весник. Директорот на Тутунскиот конбинат од Прилеп, Александар Дерменџиев за весникот вели дека со новите акцизи ќе се зголемат давачките само за поевтините брендови за кои и се очекувало наслоро да има промени во цената. За скапите цигари, како што пренесува весникот, акцизата останува иста.

„Со измените, акцизата на цигарите, пурите и цигарилосите се предвидува постепено да се зголеми во наредните 10 години. Зголемувањето од оваа година, од следната година на 1 јули, па се' до 2015 година, стапките на специфичната и ми-нималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,15 денари по парче во секоја го-дина, од 1 јули 2016 заклучно со 1 јули 2023 година - за 0,20 денари по парче во се-која година. Од 1 јули в година, заклучно со 1 јули 2023 година, износот на акциза на тутун за пушење како фино сечкан тутун ќе се зголемува за 50 денари по килог-рам во секоја година“ - пишува Утрински

 

најчитано сега