Проверете дали утре ќе останете без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека заради технички зафати во електро-системот утре по неколку часа без струја ќе бидат делови од неколку скопски општини.

Без електрична енергија утре од 4:00 до 7:00 часот ќе бидат корисниците од нас.Бутел, Визбегово, Чаир, Скопје-Север, Топанско Поле и Шуто Оризари. Од 8:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Арачиново. Од 8:00 до 15:00 часот корисниците од улицата 29-ти Ноември бр.51, од 8:30 до 15:00 часот дел од корисниците од населбата Злокуќани, во Општина Карпош и од улицата Бутелска и патот за населба Радишани, во Општина Бутел.  

Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Грчец во Општина Сарај, а од 10:00 до 15:00 часот корисниците од село Бардовци во Општина Карпош. 

30.07.2014 - 16:34
Фото: 
региони
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега