Туркиш Ерлајнс нов македонски национален авиопревозник?

Туркиш Ерлајнс е фаворит за нов македонски национален авиопревозник, објави специјализираниот блог за вести од авиоиндустријата Еx Yu Aviation.

Само недела дена по најавата за испитување на интересот кај компаниите за лет под македонско знаме, Туркиш Ерлајнс е компанијата која има најголеми шанси да ја заземе таа улога, тврди блогот.

Во 2012-та Туркиш доби статус на редовен авиопревозник со што има право да бира дестинации на кои ќе лета, а се верува дека силен лобист за оваа компанија да стане и национален авиопревозник е концесионерот на аеродромите ТАВ.

Своевремено, првиот човек на ТАВ изјави дека на Македонија и е потребна компанија со ваков статус за да го развие авиосообраќајот што ќе биде проследено со позитивни ефекти во други гранки како туризмот.

Стапките на раст на бројот на патници на македонските аеродроми се меѓу највисоките во регионот.

Владата објави дека ќе бара консултант кој ќе го провери интересот на меѓународниот пазар  за национален авиопревозник, по што ќе се понуди пакет услови на заинтересираните авиокомпании.

30.07.2014 - 21:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега