Ни се расипа времето за викендов - очекувајте дожд и грмотевици

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи.

  Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 18 до 27 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до осум, и со дневна температура до 24 степени.

ФОТО: Утрински