Балканот обоен во црно - ќе биде погребано бебенцето кое загина во сообраќајка

Телата на осуммесечниот Андрија Маринковиќ и неговиот чичко Никола Маринковиќ кои загинаа во страотна сообраќајка и го завија регионот во црно, пренесени се од Скопје во Чуприја и денеска ќе бидат заедно погребани. Најмладиот член на семејството, Андрија ќе биде погребан покрај својот чичко.

Мајката на бебето, Марија Маринковиќ од Чуприја, која беше тешко повредена во сообраќајната несреќа кај Демир Капија, се уште не знае дека бебето и го нема, а за трагедијата да биде поголема, таткото кој има повреди на кичмата не може да си го испрати чедото и братот во вечното живеалиште.

03.08.2014 - 10:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега