Срамен потег на шпанскиот весник Марка кој ги „обои“ фановите на Манчестер Јунајтед

Срамен потег на шпанскиот спортски весник Марка, по мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид во рамките на турнирот Шампионски Куп кој се одигра во Мичген. Мечот го добија „ѓаволите со 3:1 и се пласираа во финалето каде утре ќе игра против Ливерпул, кој го освои првото место во Групата Б.

Шпанскиот весник со помош на фотошоп ги обои фановите на „Црвените ѓаволи“, па така на нивната форографија која ја објавија доминираше белата боја.

Судејќи според нивната фотографија, речиси сите кои беа присутни на стадионот беа фанови на Реал Мадрид, иако реалната слика го покажува сосема спротивното и покажува дека црвената боја беше доминантна.

Стадионот реално изгледаше вака:

03.08.2014 - 11:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега