Легнал на сред улица зошто се скарал со девојката па го прегазила кола

Младо момче од Србија утринава откако се скарало со својата девојка легнало на улица по што го прегазила кола.

Се работи за 26-годишниот Никола Г. кој се скарал со својата девојка, па изреволтиран излегол надвор и легнал на среде улица. Девојката веднаш испаничено тргнала по него, но за жал додека го убедувала да стане и да се тргне од патот, поминала кола и го прегазила момчето.

Возачот не застанал туку побегнал од местото на настанот.

Србинот е пренесен со обилно крварење во пределот на главата на Ургентниот центар во Србија.

најчитано сега