Вардар го претрка Работнички за Најдоски

Најновото засилување на Вардарци е Димо Најдоски, синот на легендата Илија Најдоски, кои вчера потпиша тригодишен договор, а со тимот ќе започне со тренинзи веќе од понеделник. 

Тој веќе ќе му биде на располагање на Сергеј Андреев за второто коло кое најтрофејниот клуб ќе го игра на домашен терен со тимот на Шкендија. 

 

Дино Најдоски од Работнички каде што има забележано 51 првенствен настап, преминува во Вардар каде во сезоната 2009/2010 има забележано 4 настапи.

-Се работи за одлични услови за мене, а покрај тоа и покана да се биде дел од најтрофејниот клуб. За мене Вардар е сепак нешто специјално, изјави Дино Најдоски.

03.08.2014 - 13:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега