Крадците активни и викендов - украдени 1.200.000 денари од куќа во Гостивар

Во Гостивар на улицата „Илинденска“, засега непознат сторител извршил тешка кражба во куќата на 57-годишниот Р.П. при што одзеле златен накит, причинувајќи материјална штета од околу 1.200.000 денари. Сторителите тешката кражба ја извршиле на тој начин што со употреба на подесен алат делувале на споредната влезна врата, насилно ја отвориле, влегле во куќата, извршиле пребарување во сите простории и откако го пронашле и одзеле златниот накит, го напуштиле лице местото.

03.08.2014 - 14:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега