Се превртел и излетал од патот - детали за сообраќајката пред Штип

Тешка сообраќајна несреќа се случила на магистралниот пат Радовиш-Штип вчера околу 21 часот на местото викано ,,Директорска кривина“, јавува нашиот читател Игнат.  Во сообраќајната несрека учествуваа две патнички моторни возила „Алфа Ромео“ со скопски регистерски таблички и „Фоклсваген Поло“ со штипски регистерски ознаки.

 Според првичните информации од полицијата дошло до директен судир меѓу двете возила кои се движеле во спротивен правец. Oд силината на ударот автомобилот „Алфа ромео“ излетал од патот и се превртел. Во „Алфата“ се превезувало тричлено семејство, маж, жена и дете од Кочани, а во „Фолсфагенот“ имало двајца патници, зет и шура од Радовиш.

 Според информации од дежурниот лекар во штипската Клиничка болница сите петмина се на одделението за хирургија. Најтешко поминала, со повреди на главата, жената од едниот автомобил, додека детето и нејзиниот сопруг немаат потешки повреди, но се задржани на набљудување. Со набиенци по екстремитите се двајцата повредени од Радовиш.

Полицијата ги утврдува причините за несреќата.

03.08.2014 - 14:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега