Груевски: СДСМ влече потези на штета на државата

СДСМ  влече потези со кои прави штета на државата. Tреба да ги отоврат очите и меѓу себе да разговараат колку тие се во корист на државата или државнички, колку не се, рече премиерот Никола Груевски во врска со реакцијата на опозициската СДСМ за пораките од неговиот говор вчера во Пелинце.

- Со излегување од Парламентот за причини кои се измислени од нив, СДСМ прави штета на државата и тоа е тоа што можеме да кажеме дека има отсуство на државност. Заради некои лични цели, заради некои приватни цели - да остане на оваа или на онаа функција, заради внатрешни препукувања и кој е потврд - едната или другата струја. Од дрвото не ја гледаат шумата. Прават штета на целата држава, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања.

03.08.2014 - 15:18
Фото: 
дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега