Синот се обесил, таткото од тага се самоубил - пресврт во истрагата за убиството во Тетово

Пресврт во истрагата за трагедијата која се случи синоќа во Тетово во која татко од Тетово си го уби синот па самиот си пресуди. Како што пишува Утрински весник, синот сам се обесил, а таткото од тага по него си го одзел сопствениот живот.

Првичните информации беа дека станува збор за убиство и самоубиство, односно дека таткото прво го убил синот, а потоа се самоубил. Информациите на Утрински весник од Јавното обвинителство во Тетово говорат дека самоубиствата биле извршени во соба на горниот кат од семејната куќа, а таткото и синот се самоубиле со јаже.

03.08.2014 - 15:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа