ФОТО: Силна експлозија на трибините на мечот Пелистер - Вардар - Еден навивач без рака повеќе повредени

Еден навивач на навивачката група „Комити“ ја изгуби раката од подлактицата надолу, друг се здоби со отворена рана на ногата а трет со сериозни повреди на градниот кош, додека неколкумина се полесно повредени од инцидентот што се случи на трибината каде што беа сместени „Комитите“.

- На само две три минути пред крајот на натпреварот, кога победата на Вардар не доаѓаше во прашање, без никаква причина еден од навивачите на Комитите му ја одзеде шок бомбата на еден од полицајците и ја активираше. Во тој момент тој ја загуби половината од раката, а навивачите кои беа во негова близина, се здобија со посериозни и полесни повреди.  Повредени се и неколку полицајци, пишува „Нова Македонија“.

Брзата помош во Битола има полни раце работа, а додека да се испратат Комитите,  стадионот е блокиран. Засега нема подетални информации за тоа,  како дојде до овој инцидент. 
Повеќе детали и фотографии од инцидентот подоцна.

03.08.2014 - 20:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега