Браво: Чкембари веднаш во болница кај повредениот Комита - битолчани им однесоа храна и вода на скопските навивачи

Иако важат за едно од најлутите ривали на трибините, навивачите на Пелистер, популарните чкембари направија неверојатен гест. По инцидентот на трибините на навивачите на Вардар, скопските Комити, токму Чкембарите биле првите кои пристигнале во болница каде што биле скопјани и им однеле вода и храна. 
Информациите ги потврдуваат и од двата навивачки табори.
Очигледно е дека несреќните случаи ги зближуваат навивачите до тој степен да го заборават огромното ривалство меѓу себе и да си помогнат кога си требаат еден на друг.

Меѓу навивачите оваа информација е пречекана со восхит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Навивачот на Вардар мавта за помош со скината рака

ФОТО: Силна експлозија на трибините на мечот Пелистер - Вардар - Еден навивач без рака повеќе повредени

03.08.2014 - 21:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега