Се влошува состојбата на еден од повредените навивачи - итно префрлен на клиниките во Скопје

Дури 12 навивачи на Вардар се повредени при експлозија на шок бомба во делот каде што беше толпата.

Повредените веднаш се пренесени во битолската болница. Од нив има неколку кои се со сериозни повреди, па се прават напори за да им се укаже сета помош.

- Дури 12 навивачи на Вардар се префрлени во болницата во Битола, а тројца од нив се наоѓаат во тешка состојба. Над нив се извршуваат хируршки интервенции, но повредите се сериозни. Еден од нив речиси и да ја има загубено раката, а другите се жалат на повреди на раце, нозе, во пределот на главата… Ситуацијата е навистина лоша - изјавува за Tелеграф.мк еден од спасувачите.

Според последните информации, сите повредени се вон животна опасност и со полесни повреди, освен едниот пациент кому му е разнесена дланката. Според последните информации, поради сериозноста на повредата, тој со возило на Брза Помош итно е префрлен на скопските Клиники.

03.08.2014 - 22:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега