Комити сведочат: Браво за Чкембари - со свои автомобили не носеа во болница

„Да не беа Чкембарите не знам што ќе правевме“. Вака еден од полесно повредените навивачи на Вардар сведочи за инцидентот кој денеска се случи на трибината на најтрофејниот македонски клуб на Тумбе Кафе.
„Шокиран сум. Не знам што да кажам. На стадионот имаше само едно возило на Брза Помош имаше десетина повредени. Најтешко повредениот замина со него, а ние останатите, кои што имавме помали повреди моравме да се снаоѓаме. За среќа Чкембари со свои возила веднаш се појавија на местото. Не ставија во автомобили и не однесоа во болница. Се што ни беше потребно ни донесоа“ - вели еден навивач.

03.08.2014 - 22:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега