Валенсија го освои „Емирати Куп“

Фудбалерите на Валенсија се победници на турнирот „Емирати Куп“ што изминатите два дена се играше во Лондон.

Резултатите од неделните дуели му одеа во прилог на шпанскиот претставник. Прво Валенсија со 3:1 славеше победа против Бенфика, а во вториот дуел од 3.коло Арсенал загуби од Монако. Стрелец на голот за тимот од Кнежеството беше повратникот Радамел Фалкао.

Во саботата Валенсија и Монако одиграа 2:2, а Арсенал ја победи Бенфика со 5:1.

Табела: Валенсија 4 бодови, Монако 4, Арсенал 3, Бенфика 0.

Валенсија се радуваше на трофејот поради подобрата гол разлика (5:3) во однос на Монако (3:2).

04.08.2014 - 10:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега