Јусеун Болт како во старите добри времиња - Јамајканецот повторно урива рекорди

Најбрзиот човек на планетавата Јусеин Болт по едногодишна патека повторно се врати во своите стари добри денови, поставувајќи нов рекорд на штафетата на 4x100, на игрите на Комонвелтот во Глазгов.

Болт, Џејсон Ливермор, Кемар Бејли-Кол и Никел Ешмид постигнаа време 37,58 секунди. Клучната предност во однос на конкурентите Јамајчаните ја остварија кога на патеката беше Болт.

Второто место и сребрениот медал им припадна на Англичаните. Тие зад победниците доцнеа 44 стотинки. Штафетата на Тринидад и Тобаго трката ја заврши на третата позиција. До бронзениот медал атлетичарите на оваа земја стигнаа со време 38,10 секунди.

04.08.2014 - 15:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега