ВИДЕО: Хрват, македонски полицаец, дебарчанец и тетовчанец сакале да прошверцуваат 23 килограми марихуана

Полицијата синоќа спровела акција за спречување на ланец за трговија со дрога, дознава Пресс24.

Како што објави МВР, вчеравечер околу  21 часот и 50 минути во Скопје, а по претходно добиено сознание за можен транспорт на марихуана, од страна на полициски службеници и припадници на мобилната екипа при Царинската управа на РМ, сопрено е товарно моторно возило со хрватски регистарски ознаки управувано од 59-годишниот Џ.С. хрватски државјанин, над кое е извршен претрес. При претресот на товарно возило во возачката кабина пронајдени се: еден црн кофер во кој имало  седум пакувања со различна форма исполнети со НН растителна материја, црвена патна торба во која имало три полиетиленски пакувања со различна форма исполнети со НН растителна материја и еден темно плав кофер во кој има две големи полиетиленски вреќи исполнети со НН растителна материја.

Според документираните сознанија од истрагата во текот на мај годинава, 48-годишниот  С.С.  од Тетово организирал купопродажба на наркотична дрога марихуана за непознато лице од Хрватска, при што од 37-годишниот  К.И  од Дебар побарал да му набави 25 килограми од дрогата. Откако К.И ја набавил марихуаната заедно со 31-годишниот  М.Р   од Дебар кој е вработен како полициски службеник го изрвшиле транспорт на марихуана од Дебар до Тетово, а потоа заедно со лицето С.С дрогата му ја предале на хрватскиот државјанин кој требало да ја транспортира до Р.Хрватска и да ја предаде на НН лице од Р.Хрватска нарачател на марихуаната.

Пронајдената растителна материја е предадена на вештачење во Одделот за криминалистичка техника при МВР на РМ, при што е констатирано дека се работи за марихуана со висок квалитет во вкупна тежина од 23, 580 килограми која на нарко пазарот на големо би достигнала цена од околу 70.000 евра.

ВИДЕО и ФОТО: МВР

најчитано сега