Заеднички вежби на македонските полицајци и нивните колеги од Балканот

Измнатите денови на граничните премини “Деве Баир“, “Богородица“, “Табановце“, Меџитлија“, “Ќафасан“ и “Дојран“, се реализираа заеднички вежбовни и оперативни активности на македонски полициски службеници заедно со полициски службеници од земјите од регионот.

Целта на овие вежби е заедничката борба против прекуграничниот криминал. Вакви активности истовремено се одржуваа и на по пет други гранични премини во земјите од регионот на западниот Балкан на кој учествуваа наши гранични полициски службеници.

Како што соопшти МВР овој проект се реализира врз основа на Конвенцијата за полициска соработка на земјите од ЈИЕ и согласно заклучоците од Деветтата министерка конференција на полето на граничната безбедност што се одржа минатата година во Скопје, како и врз основа на средбата на експертите од граничните полиции одржана на почетокот на годинава во Загреб, а сето тоа програмски и финансиски помогнато од ДЦАФ.       

 

најчитано сега