Четири реванш средби во Лигата на Шампиони

На четири терени вечерва ќе се одиграат првите реванш натпревари од третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите.

Со исклучок на дуелот Лил - Грасхоперс на кои француски Лил има предност од првиот дуел и игра на домашен терен на другите три натпревари се очекува поголема неизвесност.

Средбата меѓу Макаби Тел Авив и Марибор ќе се игра во Ларнака на Кипар поради забраната екипите од Израел да играат натпревари на домашен терен.

Двојки за вечерва: БАТЕ Борисов - Дебрецин (0:1 прв натпревар), Макаби Тел Авив - Марибор (0:1), Панатинаикос - Стандард (0:0) и Лил - Грасхоперс (2:0).

Во среда вечер се играат другите 11 реванш натпревари од оваа рунда.

Победниците ќе играат во плеј-оф дуелите за влез во групната фаза.

05.08.2014 - 10:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега