Манчестер Јунајтед го освои Интернационалниот куп

Екипата на Манчестер Јунајтед триумфираше во финалето на Интернационалниот куп што се играше во САД. Во финалето одиграно ноќеска во Мајами го победија големиот ривал од Премиер лигата Ливерпул со 3:1.

Први во водство дојдоа играчите на Ливерпул со голот од пенал на Стивен Џерард во 14.минута. „Црвените ѓаволи“ изедначија преку Вејн Руни во 55.минута, а само две минути подоцна Хуан Мата донесе водство за Манчестер Јунајтед од 2:1. Конечниот резултат во 88.минута го постави Џеси Лингард.

Вејн Руни е прогласен за најдобар играч на турнирот, додека Стеван Јоветиќ од Манчестер Сити е најдобар стрелец со 5 голови.

На турнирот настапија 8 екипи, а минатата година победник беше Реал Мадрид

05.08.2014 - 10:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега