Доделени сертификати за меѓународната теренска вежба „Здружен отпор 13“

Во Центарот за обука „Пепелиште“ на  слушателите на курсевите  во рамки на меѓународната теренска вежба „Здружен отпор 13“ денеска во Центарот за обука Пепелиште им беа врачени сертификати.

Во текот на изминатите пет дена Одбранбениот институт за медицински операции од САД   изведуваше настава на тема Медицинска помош за хуманитарни цели и одговор на катастрофи, што се фокусираше на управување со медицински последици и итни медицински интервенции при природни катастрофи. Целта на овој курс е да се обезбеди интеграција меѓу стратегијата, доктрините, градење на коалиции и управување со ресурси  за заштита на ранливите категории погодени од катастрофата.

 

Научените лекции од курсевите ќе дадат значаен придонес во практичниот дел од вежбата кој започнува со реализација на 3 јуни.

ФОТО: Сител

најчитано сега