Гроздановски: Очекувам 3 бода за Вардар во дербито против Шкендија

Еден од најстандардните играчи од средниот ред на Вардар, Влатко Грозданоски ги повика навивачите во што поголем број да дојдат на неделното дерби со Шкендија и со нивна помош да ги освојат бодовите.

- Вистински дерби натпревар на кој според многумина играат двата најквалитетни состави во Македонија. Играме на домашен терен пред наши навивачи, одиме на победа. Вардар секогаш оди на победа. Се надевам со добра игра и голема поддршка од навивачите ќе успееме да ги освоиме трите бода и на овој натпревар, изјави Грозданоски.

Тој се осврна и на натпреварот од 1.коло со Пелистер.

- Првите натпревари се секогаш тешки и тешко е да се игра на толку високи температури, најважно е тоа што ги освоивме трите бода во Битола. Жал ми е за тоа се случи на крајот на натпреварот на трибината каде што беа сместени нашите навивачи. Му посакувам на Турчин и на другите повредени што побрзо закрепнување од повредите, рече Гроздановски за веб страната на Вардар.

Натпреварот Вардар – Шкендија е дерби на 2.коло од Првата македонска фудбалска лига. Ќе се  игра в недела од 19 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје

07.08.2014 - 20:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега