Легија Варшава исфрлена од Лигата на шампиони

УЕФА ја исфрли екипата на Легија Варшава од понатамошно натпреварување во Лигата на шампиони, иако во двата меча од третото коло го победи шкотскиот тим Селтик со вкупен резултат 6:1. Спорни се последните 4 минути од реваншот во Шкотска, кои ги одигра казнет играч.

Одбранбениот играч на Легија, Бартош Березински, доби казна од три утакмици поради црвениот картон што го заработи минатата сезона, на мечот против Аполон во Лигата на Европа. Пољаците сметале дека тој си ја издржал казната (две утакмици против Ст. Патрик и една против Селтик), но проблемот е во тоа што не бил пријавен во двете утакмици против Ст. Патрик.

Неправилноста ја примети делегатот на УЕФА. Легија објави дека се работи за забуна, но тоа не им помогна. Мечот во Шкотска е регистриран со службен резултат 3:0 за Селтик, кој благодарејќи на голот во гости од првата утакмица (пораз од 4:1) поминува понатака.

Селтик со оваа одлика на УЕФА е носител во последното коло пред групната фаза во Лигата на шампиони, додека Легија ја чека ждрепката за Лигата на Европа.

 

08.08.2014 - 12:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега