Два гола и промашен пенал на Ибрахимовиќ во ремито на ПСЖ на стартот на новата сезона

На премиерниот натпревар во сезоната 2014/15 на француската Лига 1, шампионот Пари Сен Жермен синоќа одигра нерешено 2:2 на гостувањето кај Ремс. 

Шампионот прв дојде во водство преку Златан Ибрахимовиќ во 7.минута, а истиот играч 12 минути подоцна не реализира пенал. До крајот на првото полувреме домаќините направија целосен резултатски пресврт. Принс Онијанг во 22. минута изедначи, а Антоан Дево во 34.минута им донесе предност на домаќините. Со својот втор погодок, во 63.минута Ибрахимовиќ спречи изненадување.

Вечерва од 21 часот се играат седум натпревари: Бастија – Олимпик Марсеј, Евиан – Каен, Генгамп – Сент Етиен, Лил – Мец, Монпеље – Бордо, Нант – Ленс и Ница – Тулуз.

Првиот круг од Лига 1 ќе биде заокружен утре со средбите Олимпик Лион – Рен и Монако – Лориен.

09.08.2014 - 10:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега