Федерер го прослави својот 33. роденден со победа

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер синоќа оствари победа против Шпанецот Давид Ферер од 2-1 во сетови (6:3, 4:6 и 6:3) и се пласираше во полуфиналето на „Роџерс купот“ во Торонто.

Швајцарецот причина за славење имаше и пред натпреварот. Тој од организаторот доби торта за неговиот 33.ти роденден. 

Федерер во полуфиналето ќе се сретне со Фелисијано Лопез од Шпанија, кој во 1/4 финалето беше подобар од домашниот тенисер Милош Раониќ со 2-1 во сетови. 
 
Во второто полуфинале ќе играат Григор Димитров (Бугарија) и Жо-Вилфред Цонга (Франција)

09.08.2014 - 12:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега