Федерер - Цонга во финалето на „Роџерс Куп“

Швајцарецот Роџер Федерер ќе игра против францускиот тенисер Жо - Вилфред Цонга во финалето на „Роџерс Купот“ во Торонто, Канада.

Цонга во првото полуфинале го совлада најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3. Французинот претходно го победи првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ (Србија).

Противникот на Цонга во вечерашното финале до можност да се бори за трофејот во Торонто дојде по победата над Фелисијано Лопез извојувана ноќеска во два сета.

И Федерер, исто како Цонга, на својот ривал му препушти вкупно седум гемови, со таа разлика што првиот сет заврши 6:3, а вториот 6:4.

За Федерер финалето во „Роџерс Купот“ ќе биде 120. на турнирите во неговата кариера во која има освоено 79 трофеи од кои 21 на Мастерс 1000 сериите.

Цонга по третпат ќе игра финале на Мастерс 1000, од кои има една титула. Досега во 15-те меѓусебни мечеви билансот е 11-4 за Швајцарецот. Финалето во Торонто е вечерва од 21 часот.

10.08.2014 - 10:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега