Туристичките водачи во Охрид не можат да здивнат од работата

Дека туристичките водачи во Охрид се задоволни од сезоната, се доказ огромниот број на гости кои пристигнаа во балканскиот бисер од Хонг Конг, Малезија, Тајван, Кина и Јапонија, пишува Канал 5.

Гостите од далечниот исток за време на Балканската тура, уживаат во запознавањето на Македонија.

 

„Веќе се презаситени од оние елитни турустички места, од европските дестинации, Западна и Источна Европа, Медитеранот, крстарењата. Може да се рече дека Македонија, заедно со Албанија, Србија, Романија се една неоткриена дестинација што со задоволство ја посетуваат, вели туристичкиот водач Климент Наумов. Кинезите престојуваат два дена по еден во Скопје и Охрид. Нивниот менталитет е таков што сакаат да посетат повеќе места и да се вратат дома со спомени“, додава Наумов.  

10.08.2014 - 11:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега