ВИДЕО: Голманот на Хиберниан постигна погодок од гол на гол

Во првото коло на шкотската втора лига, голманот на Хибернианс Марк Оксли, кој на мечот против Ливингстон дебитираше за својот нов клуб, направи нешто што на повеќето голмани не им успева во текот на цела кариера - постигна погодок од својот шеснаесетник. 

При денгажманот, топката не само што ги измами сите играчи, го измами и Дарен Џејмисон, голманот на противничката екипа. Хибси на крајот славеа со резултат 2:1.

 

 

10.08.2014 - 14:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега