Ѓорѓиев: Го исполнуваме ветувањето за отпис на долговите

Заклучно утрешниот ден, економските оператори заинтересирани за учество во процесот за отпишување на долговите на граѓаните ќе може да се пријават на веќе распишаниот оглас.

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, во своето денешно гостување на вестите на Канал 5, зборуваше за реализирањето на ветувањето дадено од страна на Владата за отпис на долговите на граѓаните.

-Го исполнуваме верувањето во две фази. Распишан е оглас за пријавување на економските оператори заинтересирани зо учество во процесот, а рокот завршува утре, на 11 август. Ние ќе информираме по завршувањето колкав е интересот и други детали, изјави Ѓорѓиев.

Тој додаде дека граѓаните треба да знаат дека многу набрзо по завршувањето на огласот министерот за финансии ќе објави јавен повик за аплицирање на граѓаните со долгови за електрична и топлинска енергија, долг на кредитна или дебитна картичка или радиодифузна такса.

Ѓорѓиев рече дека потоа ќе претстои период за објаснување на деталите и документите потребни за аплицирање, а потоа ќе се започне со реализација на проектот.

Процесот се очекува да биде комплетиран во периодот од октомври до ноември годинава.

10.08.2014 - 16:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега