Дрогба се повреди на првиот меч по враќањето во Челси

Дидие Дрогба се повреди на првиот меч за Челси по враќањето во лондонскиот клуб. На пријателскиот натпревар против Ференцварош во Будимпешта, Дрогба во 27-та минута доживеа повреда на скочниот зглоб. 

Тој го напушти теренот, а според првичните информации ќе паузира две недели. 

Екипата на Ференцварош поведе во 17-та минута со голот на Золтан Гера, но сините од лондон стигнаа до победата во второто полувреме со головите на Рамиреш во 51-та и Цеск Фабрегас во 81-та минута.

 

11.08.2014 - 14:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега