Клосе стави крај на репрезентативната кариера

Најдобриот стрелец на Светските првенства, Германецот Мирослав Клосе, објави дека се повлекува од германската репрезентација. Тој во својата кариера одигра 137 натпревари и постигна 71 погодок.

 36-годишниот Клосе од 2001 година го носи германскиот дрес, а претходно одби повик за настап во неговата родна земја Полска, за што подоцна рече дека тоа била многу тешка одлука.

За „Панцирите“ играл на четири Мундијали, а на последниот во Бразил го постигна 16.гол со што го надмина Бразилецот Роналдо на листата на најдобри стрелци на СП на сите времиња.

За разлика од Мундијалите, Клосе не беше многу ефикасен на евро-шампионатите. Одиграл три ЕП на кои само два пати ги совладал противничките голмани.

Во моментов Мирослав Клосе е играч на Лацио, а пред италијанскиот тим во кој дојде 2011 година, настапувал за бундеслигашите Беарн Минхен, Вердер Бремен и Кајзерслаутерн.

11.08.2014 - 15:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега