Ѓоковиќ ја зголеми разликата во однос на Надал

Новак Ѓоковиќ ја зголеми разликата на врвот на АТП листата и покрај тоа што на неодамнешниот "Роџерс куп" во Торонто испадна во третото коло.
На најновата АТП листа Ноле му бега на Рафа 1.190 бодови, што претставува зголемување за дури 730 поени, но треба да се напомене дека Шпанецот изгуби 1.000 бодови бидејќи не ја бранеше титулата освоена минатата година.
Ѓоковиќ оваа недела ќе игра на турнирот во Синсинати, а првиот противник, во второто коло, ќе му биде подобриот од дуелот помеѓу Жил Симон (Франција) и Бернард Томиќ (Австралија).
 
11.08.2014 - 16:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега