Презентација на успешна приказна за почнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Македонија денеска организира информативен настан во врска со Активната мерка за вработување – Самовработување со кредитирање.

Презентирана ќе биде успешна приказна за почнување сопствен бизнис на невработено лице преку Активните мерки за вработување на Владата на Република Македонија.

Настанот, на кој ќе присуствува директорот на Агенцијата Влатко Поповски, е во насока на поттикнување поголем број невработени лица кои ќе аплицираат на моментно отворениот оглас за Самовработување со кредитирање.

12.08.2014 - 09:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега