Огромен интересот на банките и фирмите за отпис на долговите

Топлификација АД Скопје, ЕВН Македонија АД Скопје, ЕЛЕМ АД Скопје, ЈРП МРТВ, банките и Нотарската и Комората на извршители на Република Македонија се пријавија на повикот за учество во проектот за еднократен отпис на долговите за најранливите категории граѓани. Рокот за пријавување заврши вчера, а од Министерството за финансии истакнуваат дека повикот наиде на голем интерес кај банките и фирмите. 

Од банките изјава за учество во проектот доставија Стопанска банка Скопје, Комерцијална, Охридска, НЛБ Тутунска, Капитал банка,  Прокредит, Уни банка, Еуростандард, Централна кооперативна, Стопанска банка - Битола, Халк банка, Алфа банка, ТТК банка,  Шпаркасе банка, штедилница Можности и штедилница Фулм.

Согласно Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните, ќе се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, а се неплатени подолго од 12 месеци.

Правото на еднократен отпис на долгови може да го искористат корисниците на социјална парична помош или на постојана парична помош, невработените лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт, инвалидитет или потешка болест.

Министерството за финансии изразува задоволство од искажаниот интерес од страна на доверителите за вклучување во процесот на отпис на долговите на најранливите категории граѓани.

12.08.2014 - 09:34
Фото: 
емагазин
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега