Финансиска поддршка за студенти заинтересрани да отворат бизнис

Сите студенти и потенцијални млади претприемачи од 18 до 30 години заинтересирани за почнување сопствен бизнис да аплицираат со бизнис план на јавниот повик, апелира денеска министерот за економија, Беким Незири.

Повикот е објавен на 4 јули годинава, а ќе трае до 15 септември.

Како што најави Незири, најдобрите бизнис планови ќе добијат финансиска поддршка, прворангираниот 330.000 денари, второрангираниот 230.000 денари, третиот избран 130.000 денари, четврторангираниот 100.000 и петорангираниот 60.000 денари.

- Малите и средните претпријатија имаат важна улога во генерирањето на економскиот раст и креирањето работни места. Основањето на малите фирми зависи од индивидуалците кои имаат идеја и се подготвени да преземат ризик за да ја реализираат. Поради тоа, поттикнувањето на претприемачкиот дух е повеќе од неопходно ако се има предвид дека токму тие и се потребни на секоја економија, истакна Незири.

 

12.08.2014 - 12:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега