Еве трик како да го избегнете Facebook Messenger

Најновата нервоза која Facebook им ја направи на неговите корисници беше неодамнешното задолжително наметнување на омразената апликација за пораки Facebook Messenger.

Апликацијата доби негативни оценки и е една од апликациите со најмали оценки на пазарот, па не чуди тоа што луѓето смислуваат начини како да ја избегнат.

Едностевно трикче за корисниците на iPhone е да ја прифатите апликацијата кога Facebook ќе ви ја понуди, да отидете во App Store и да почнете со негово преземање, но потоа да ја откажете нејзината инсталација.

Трикот засега делува, но веројатно е само прашање на време кога Facebook ќе го исправи пропустот.

 

Уште еден начин за избегнување на апликацијата е користење на Facebook во мобилниот прелистувач, наместо преку апликацијата.

13.08.2014 - 11:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега