Избегната голема трагедија на ЕП во пливање

Берлин е домаќин на Европското првенство во водени спортови, каде за среќа денеска била избегната голема трагедија за време на 10-километарската трка во слободно пливање.

Полската пливачка, Наталија Харлос неколку секунди била во бессознание, а само благодарејќи на присебноста на еден од спасувачите избегнала сигурна смрт.
- Ова е просто неверојатно. Викав колку што ме држеше гласот, но неколкумина спасувачи само не обрнуваа внимание иако беа само на 50 метри од нас, - револтирано изјавил германскиот селектор, Штефан Лурс, кој прв ја увидел сериозноста на ситуацијата.
Наталија се освестила половина час од пристигнувањето во болница, каде ќе остане под будното око на лекарите и во наредните неколку часа.

13.08.2014 - 14:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега