Направете вкусна шпанска салата со печен компир

Направете вкусна шпанска салата со печен компир. Еве што ви е потребно за да ја направите оваа салата:

- ½ кг.ситен компир

- 3 лажици маслиново масло

- 1 ипол лажичка сол

- ½ лажичка бибер

- 4 чешниња ситно исецкано лукче

- 4 лажици мајонез

- 1 лажица сок од лимон

- 1 лажичка сенф

Подготовка: 

- Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Компирот исечете го на половинки или четвртинки. Додајте 2 лажици маслиново масло, ¾ лажичка сол и бибер. Измешајте и наредете го компирот во сад за печење обложен со хартија за печење. 

- Печете го компирот околу 40 минути, превртувајќи го за време на печењето, додека да добие златножолта боја.

- Кога компирот ќе се испече извадете го од рерната и оставете малку да се излади. Во една здела измешајте ½ лажичка сол, 1 лажица маслиново масло, сецканото лукче, мајонезот, сокот од лимон и сенфот. Мешавината од смесата прелијте ја врз печениот компир.

Извор: Точка.ком.мк

13.08.2014 - 14:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега