Продавачот на дресови се претвори во херој на фудбалскиот терен

Јасин Баму пред една година работел како продавач во продавница за сувенири, а сега е напаѓач во францускиот прволигаш Нант.

Сонот му се исполнил буквално преку ноќ. Во првото коло од новата сезона во француската Лига 1 го постигна победничкиот гол за Нант против Ленс (1:0).

Се во неговиот живот се менувало со огромна брзина. Пред само два месеци го потпишал својот прв професионален договор со Нант. Ја поминал пробата во тимот, иако со фудбалот претходно се занимавал само аматерски.

На своето професионално деби, Баму блескаше.

Во игра влезе од клупата за резервни фудбалери и по само 32 секунди поминати на теренот, ја затресе противничката мрежа. Тоа беше гол за победа. Стана јунак на навивачите на Нант, а светот секако ќе го запамети неговото име.

-Ова што се случи е просто неверојатно. Не очекував дека ќе постигнам гол уште на првиот меч. Но, млад сум, морам уште многу да напредувам и да учам, за да можам да изборам место во тимот, вели Ваму.

Напаѓачот има 22 години. Роден е во Габон, а свесен е дека неговиот живот се сврте за 180 степени.

-Секој ден го среќавав Леонардо, директорот на ПСЖ. Во една прилика му ги понудив моите услуги, тој само се насмеа. Не веруваше дека знам да играм фудбал.

За само една година, Баму од аматерскиот тим Еври стигна до дресот на Нант, француски прволигаш. Луѓето во оваа екипа имаат само пофални зборови за него. На ова момче сигурно му претстои успешна фудбалска кариера.

13.08.2014 - 15:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега