Кошаркарите вечерва играат против Данска

Вечерва со почеток од 19:30 часот македонската кошаркарска репрезентација во Хорсенс против домаќинот Данска ќе го одигра вториот дуел од квалификациите за Евробаскет 2015.

На овој натпревар нашата репрезентација ја има улогата на фаворит, но селекторот Александар Џикиќ ги предупреди своите избраници во никој случај да не го потценат противникот.

На вториот натпревар од групата Д во втората рунда играат Белгија и Белорусија.

Двојки за натпреварите од 2.коло во другите групи:

А група: Велика Британија - Босна и Херцеговина. Исланд слободен.

Б група: Црна Гора - Бугарија и Холандија - Израел.

Ц група: Луксембург - Полска и Германија - Австрија.

Е група: Чешка - Португалија и Унгарија - Грузија.

Ф група: Летонија - Словачка и Романија - Шведска.

Г група: Русија - Италија. Швајцарија слободна.

13.08.2014 - 16:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега