Јанакиески ќе изврши увид на градежните активности на патот Велес-Штип

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски, ќе извршат увид на градежните активности на експресниот пат Велес-Штип до Кадрифаково.

Станува збор за доста оптоварен пат кој е главен влез за источна Македонија. Реконструкцијата со одредено проширување чини околу 15 милиони евра, а вкупно се опфатени 24 километри. Реконструкцијата на дел од патниот правец веќе е завршена.

14.08.2014 - 09:24
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега